душевен

Придавка

Значење на душевен:

1. Што се однесува на душата на човекот, на неговиот внатрешен, психички живот. Душевен живот. Душевна драма. Душевна сила. Душевни заболувања.

2. Што е хуман, совесен, праведен. Тој е добар и душевен човек. Беше еден од оние душевни и човекољубиви луѓе.

Членувана форма: душевниот.

Изведени зборови:

  • душевно, прил. Душевно оболел. Душевно зарадуван.
  • душевност, и. ж.

Оригинални податоци:

душевен, душевниот прид. 1. Што се однесува на душата на човекот, на неговиот внатрешен, психички живот. Душевен живот. Душевна драма. Душевна сила. Душевни заболувања. 2. Што е хуман, совесен, праведен. Тој е добар и душевен човек. Беше еден од оние душевни и човекољубиви луѓе. ǁ душевно прил. Душевно оболел. Душевно зарадуван. ǁ душевност ж.