души 1
Значење на души:
Прави пречки, го спречува дишењето; задушува. Астмата го душеше старецот. Нешто го души во грлото.Коњугација: душат.
Изведени зборови:
- душење, глаг. им. ср.
- се ~ души, Има пречки во дишењето, ја губи можноста да дише. Се души и ја раскопчува шинелата. Се душеше во зачадената соба.
Оригинални податоци:
души1, душат несв. Прави пречки, го спречува дишењето; задушува. Астмата го душеше старецот. Нешто го души во грлото. ● се ~ Има пречки во дишењето, ја губи можноста да дише. Се души и ја раскопчува шинелата. Се душеше во зачадената соба. ǁ глаг. им. душење ср.