души 2

Глагол, несвршен

Значење на души:

1. За животно (обично пес) – мириса нешто. Шарениот коњ ги душеше своите нови пријатели. Мачката душеше околу бунарот.

2. (прен., ирон.) За човек – мириса; насетува нешто.

Коњугација: душат.

Изведени зборови:

  • душење, глаг. им. ср.
  • се ~ души, (само мн.) Се мириса. Кучињата се душеа едно со друго.

Оригинални податоци:

души2, душат несв. 1. За животно (обично пес) – мириса нешто. Шарениот коњ ги душеше своите нови пријатели. Мачката душеше околу бунарот. 2. (прен., ирон.) За човек – мириса; насетува нешто. ● се ~ (само мн.) Се мириса. Кучињата се душеа едно со друго. ǁ глаг. им. душење ср.