душка

Глагол, несвршен

Значење на душка:

1. Со куси, брзи движења души, мириса, бара нешто; души2. Кучето душка по трагата на бегалецот. Говедата ја душкаа тревата.

2. (прен., пејор.) Загледува, наслушува, сака сѐ да дознае, да разбере; души2 Џандарите душкаа по секој негов чекор. Душкаше нешто низ куќата. Душка наоколу по селата.

Коњугација: душкаат.

Изведени зборови:

  • душкање, глаг. им. ср.
  • се ~ душка, Се мирисаат по малку; сп. се души2. Свињите буричкаа со муцките во земјата и се душкаа.

Оригинални податоци:

душка, душкаат несв. 1. Со куси, брзи движења души, мириса, бара нешто; сп. души2. Кучето душка по трагата на бегалецот. Говедата ја душкаа тревата. 2. (прен., пејор.) Загледува, наслушува, сака сѐ да дознае, да разбере; сп. души2 1. Џандарите душкаа по секој негов чекор. Душкаше нешто низ куќата. Душка наоколу по селата. ● се ~ Се мирисаат по малку; сп. се души2. Свињите буричкаа со муцките во земјата и се душкаа. ǁ глаг. им. душкање ср.