душман
Разговорен збор, израз.
Значење на душман:
Противник, непријател. Падна во рацете на душманот. Тие беа смртни душмани. Твојот пријател е мој душман.Множина: душмани.
Изведени зборови:
- душманка, и. ж.
- душмански, прид. душманскиот
Фразеолошки израз / поговорка:
Нека пукнат душманите – нека му биде криво, нека ни завидува непријателот.
Оригинални податоци:
душман, мн. душмани м. (разг.) Противник, непријател. Падна во рацете на душманот. Тие беа смртни душмани. Твојот пријател е мој душман. ◊ Нека пукнат душманите – нека му биде криво, нека ни завидува непријателот. ǁ душманка, мн. душманки ж. ǁ душмански, душманскиот прид.