движи
Значење на движи:
1. Прави нешто да работи, да дејствува, да се преместува. Водата го движи воденичкиот камен.
2. Мрда, помрднува дел од телото. Ги движи прстите.
3. Доведува нешто во движење, насочува движење. Ги движи своите дивизии кон исток.
4. (прен.) Раководи, работи на остварувањето на некоја цел, поттикнува. Таа ги движи работите во образованието.
Коњугација: движат.
Изведени зборови:
- движење, глаг. им. ср.
- се ~ движи, 1. Врви, оди во некаква насока. Камионот се движеше кон градот. 2. Се менува во некакви граници. Температурата се движи до дваесет степени.
Оригинални податоци:
движи, движат несв. 1. Прави нешто да работи, да дејствува, да се преместува. Водата го движи воденичкиот камен. 2. Мрда, помрднува дел од телото. Ги движи прстите. 3. Доведува нешто во движење, насочува движење. Ги движи своите дивизии кон исток. 4. (прен.) Раководи, работи на остварувањето на некоја цел, поттикнува. Таа ги движи работите во образованието. ● се ~ 1. Врви, оди во некаква насока. Камионот се движеше кон градот. 2. Се менува во некакви граници. Температурата се движи до дваесет степени. ǁ глаг. им. движење ср.