двобој

Именка, машки род

Значење на двобој:

1. Борба со оружје меѓу двајца противници во присуство на сведоци; дуел. Го набљудуваше тој смртоносен двобој како секундант.

2. Бој, битка меѓу две противнички војски, страни. Доцна во ноќта заврши двобојот меѓу војските.

3. (прен.) Полемика, расправа. Ми претстои сериозен двобој за реализмот во литературата.

Множина: двобои.

Оригинални податоци:

двобој, мн. двобои м. 1. Борба со оружје меѓу двајца противници во присуство на сведоци; дуел. Го набљудуваше тој смртоносен двобој како секундант. 2. Бој, битка меѓу две противнички војски, страни. Доцна во ноќта заврши двобојот меѓу војските. 3. (прен.) Полемика, расправа. Ми претстои сериозен двобој за реализмот во литературата.