двоен

Придавка

Значење на двоен:

1. Што е составен од два еднакви дела, члена или од два предмета. Двоен прозорец. Двојна стража.

2. Што е двапати поголем. Двојна загуба. Двојна порција.

3. Што се спроведува, што настанува на два начина. Двојно книговодство. Двојна природа.

Членувана форма: двојниот.

Оригинални податоци:

двоен, двојниот прид. 1. Што е составен од два еднакви дела, члена или од два предмета. Двоен прозорец. Двојна стража. 2. Што е двапати поголем. Двојна загуба. Двојна порција. 3. Што се спроведува, што настанува на два начина. Двојно книговодство. Двојна природа.