двојанка

Именка, женски род

Значење на двојанка:

1. Двоколка. Не крцкај, двојанко, доцна низ полето! Во двојанката се возат старец и девојка.

2. (дијал.) Близначка. Вујната се родила како двојанка.

3. Двоен плод, близнаци, двојка. Најдов цреша двојанка.

4. Вид кавал, со две цевки. Човекот ја извади двојанката и почна да свири.

Множина: двојанки.

Оригинални податоци:

двојанка, мн. двојанки ж. 1. Двоколка. Не крцкај, двојанко, доцна низ полето! Во двојанката се возат старец и девојка. 2. (дијал.) Близначка. Вујната се родила како двојанка. 3. Двоен плод, близнаци, двојка. Најдов цреша двојанка. 4. Вид кавал, со две цевки. Човекот ја извади двојанката и почна да свири.