двојка

Именка, женски род

Значење на двојка:

1. Бројот два; тоа што е со него означено (училишна оценка, автобус и др.). Доби двојка по историја. Се вози со двојка до работа.

2. Две лица или два предмета како пар поврзани на некој начин. Љубовна двојка. Брачна двојка. Двојки гласови по звучност.

3. Близнаци. Од четири раѓања, седум деца, двојки, тројки како дренки.

Множина: двојки.

Изведени зборови:

  • двојче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

двојка, мн. двојки ж. 1. Бројот два; тоа што е со него означено (училишна оценка, автобус и др.). Доби двојка по историја. Се вози со двојка до работа. 2. Две лица или два предмета како пар поврзани на некој начин. Љубовна двојка. Брачна двојка. Двојки гласови по звучност. 3. Близнаци. Од четири раѓања, седум деца, двојки, тројки како дренки. ǁ двојче, мн. двојчиња ср. дем.