двор

Именка, машки род

Значење на двор:

1. Голема раскошна палата во која живее владетел или веледостојник; дворец. Во минатиот век се играл кадрилот во европските дворови.

2. Владетелот, неговите најблиски и дворјаните што го сочинуваат неговиот најблизок круг.

3. Заграден простор околу куќа. Бев крај оградата од дворот. Влезе во дворот од селската куќа.

Множина: двора, дворје, дворови.

Изведени зборови:

  • дворче, и. ср. дем. кон зн. 3.

Оригинални податоци:

двор, мн. дворови, избр. мн. двора, зб. мн. дворје м. 1. Голема раскошна палата во која живее владетел или веледостојник; дворец. Во минатиот век се играл кадрилот во европските дворови. 2. Владетелот, неговите најблиски и дворјаните што го сочинуваат неговиот најблизок круг. 3. Заграден простор околу куќа. Бев крај оградата од дворот. Влезе во дворот од селската куќа. ǁ дворче, мн. дворчиња ср. дем. кон зн. 3.