дворјанин

Именка, машки род

Значење на дворјанин:

1. Лице што му припаѓа на најблискиот круг на владетелот, висок дворски службеник. Дворјанинот мораше да биде трезен кога царот се опиваше.

2. Благородник, аристократ. Тој е еден од ситните дворјани од нашата губернија.

Множина: дворјани.

Изведени зборови:

  • дворјанка, и. ж.

Оригинални податоци:

дворјанин, мн. дворјани м. 1. Лице што му припаѓа на најблискиот круг на владетелот, висок дворски службеник. Дворјанинот мораше да биде трезен кога царот се опиваше. 2. Благородник, аристократ. Тој е еден од ситните дворјани од нашата губернија. ǁ дворјанка, мн. дворјанки ж. ǁ