ѕид

Именка, машки род

Значење на ѕид:

1. Вертикален дел од куќа, зграда и др. врз којшто лежи покривот или дел што го преградува внатрешниот простор. Варосан ѕид. Ѕидови без прозорци. Мала куќичка со четири ѕида од плитар. Дебели ѕидови од камен. Внатрешни ѕидови.

2. Заштитна ѕидана ограда. Имало ѕид околу тврдината. Тој прескокна од дворот преку ѕидот.

Множина: ѕида, ѕидишта, ѕидје, ѕидови.

Изведени зборови:

  • ѕидиште, и. ср. аугм.
  • ѕитче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Турка ѕид со глава / удира ѕид со глава – се обидува да постигне нешто невозможно. Затворен е во четири ѕида – не доаѓа во контакт со никого; живее повлечено. Ѕид ги дели ‒ соседи се. Жив ѕид ‒ низа, редица луѓе како пречка, како преграда. Кинески ѕид ‒ несовладлива преграда за какви било врски; изолираност од надворешни влијанија.

Оригинални податоци:

ѕид, мн. ѕидови, избр. мн. ѕида, зб. мн. ѕидје/ѕидишта м. 1. Вертикален дел од куќа, зграда и др. врз којшто лежи покривот или дел што го преградува внатрешниот простор. Варосан ѕид. Ѕидови без прозорци. Мала куќичка со четири ѕида од плитар. Дебели ѕидови од камен. Внатрешни ѕидови. 2. Заштитна ѕидана ограда. Имало ѕид околу тврдината. Тој прескокна од дворот преку ѕидот. ‖ ѕидиште, мн. ѕидишта ср. аугм. ‖ ѕитче, мн. ѕитчиња ср. дем. ‖ Турка ѕид со глава / удира ѕид со глава – се обидува да постигне нешто невозможно. Затворен е во четири ѕида – не доаѓа во контакт со никого; живее повлечено. Ѕид ги дели ‒ соседи се. Жив ѕид ‒ низа, редица луѓе како пречка, како преграда. Кинески ѕид ‒ несовладлива преграда за какви било врски; изолираност од надворешни влијанија.