ѕидар
Значење на ѕидар:
Тој што ѕида ѕид, куќа и др.; занаетчија што се занимава со ѕидање, со градење куќи, згради и др. На сите катови се наоѓаа молери и ѕидари. Тој беше печалбар, ѕидар по занает.Множина: ѕидари.
Изведени зборови:
- ѕидарски, прид. ѕидарскиот
Оригинални податоци:
ѕидар, мн. ѕидари м. Тој што ѕида ѕид, куќа и др.; занаетчија што се занимава со ѕидање, со градење куќи, згради и др. На сите катови се наоѓаа молери и ѕидари. Тој беше печалбар, ѕидар по занает. ‖ ѕидарски, ѕидарскиот прид.