ѕирка
Значење на ѕирка:
1. Гледа низ мал отвор. Децата ѕиркаа во собата низ клучалката.
2. Погледнува краткотрајно; погледнува скришум, од љубопитство. Детето ѕирка од постелата како глувче. Жените ѕиркаа низ прозорците.
3. (прен.) Се појавува нешто во мал степен од некаде, од нешто. Од чорапите ѕиркаа две прстиња. Од косата му ѕиркаа сламки. Митралезите ѕиркаа над рововите. Од небото ѕиркаше сонцето.
Коњугација: ѕиркаат.
Изведени зборови:
- ѕиркање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ѕирка во туѓ џеб – се интересира многу, многу е љубопитен за туѓи пари.
Оригинални податоци:
ѕирка, ѕиркаат несв. 1. Гледа низ мал отвор. Децата ѕиркаа во собата низ клучалката. 2. Погледнува краткотрајно; погледнува скришум, од љубопитство. Детето ѕирка од постелата како глувче. Жените ѕиркаа низ прозорците. 3. (прен.) Се појавува нешто во мал степен од некаде, од нешто. Од чорапите ѕиркаа две прстиња. Од косата му ѕиркаа сламки. Митралезите ѕиркаа над рововите. Од небото ѕиркаше сонцето. ‖ Ѕирка во туѓ џеб – се интересира многу, многу е љубопитен за туѓи пари. ‖ глаг. им. ѕиркање ср.