ѕрнѕурка

Именка

Обично во множина.

Значење на ѕрнѕурка:

1. (арх.) Дел од накитот во носијата, сребрен украс за на глава, синџир со ситни пари што се спушта над челото.

2. Ситни предмети за китење, за украсување, со мала вредност. Коњите беа украсени со китки по уздите, со разни скапоцени пулејки и со ѕрнѕурки. Тој продаваше разни дреболии: огледалца, мониста, обетчиња и други ѕрнѕурки.

Множина: ѕрнѕурки.

Оригинални податоци:

ѕрнѕурка (обично во мн.), ѕрнѕурки 1. (арх.) Дел од накитот во носијата, сребрен украс за на глава, синџир со ситни пари што се спушта над челото. 2. Ситни предмети за китење, за украсување, со мала вредност. Коњите беа украсени со китки по уздите, со разни скапоцени пулејки и со ѕрнѕурки. Тој продаваше разни дреболии: огледалца, мониста, обетчиња и други ѕрнѕурки.