ѕуни
Значење на ѕуни:
1. Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; ѕвони. Ѕунат црковните камбани. Ѕуни стаклото од малото прозорче. Ѕунат празните чаши.
2. Се огласува со звук што потсетува на ѕвон, на ѕвонење. Ѕуни песната на штурецот. Ѕунат гласови на весели дечиња.
3. (прен.) Се причинува некому дека одново слуша нешто; одѕвонува, одекнува. Родителските совети им ѕунеа на децата во главата. Таа мелодија му ѕуни во ушите. Тивко ѕунат чекорите во ноќта.
Коњугација: ѕунат.
Изведени зборови:
- ѕунење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
ѕуни, ѕунат, само во 3. лице несв. 1. Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; сп. ѕвони. Ѕунат црковните камбани. Ѕуни стаклото од малото прозорче. Ѕунат празните чаши. 2. Се огласува со звук што потсетува на ѕвон, на ѕвонење. Ѕуни песната на штурецот. Ѕунат гласови на весели дечиња. 3. (прен.) Се причинува некому дека одново слуша нешто; одѕвонува, одекнува. Родителските совети им ѕунеа на децата во главата. Таа мелодија му ѕуни во ушите. Тивко ѕунат чекорите во ноќта. ‖ глаг. им. ѕунење ср.