ѕвекне

Глагол, свршен

Значење на ѕвекне:

1. Пушти јак краткотраен, метален звук. Ѕвекна старото резе од портата. Ѕвекнаа чаши во рацете на младите. Ѕвекнаа метални пари на подот.

2. Удри силно предизвикувајќи звук, ѕвек; тресне. Човекот го ѕвекна детето по глава. Коњот го ѕвекна девојчето со копитата. Тој налутено ѕвекна со приборот за јадење.

Коњугација: ѕвекнаа , ѕвекнав , ѕвекнал , ѕвекнат , ѕвекнат , ѕвекнете , ѕвекни , (ќе) ѕвекнеа , (ќе) ѕвекнев , (ќе) ѕвекнел.

Изведени зборови:

  • ѕвекнува, глаг. несв. ѕвекнуваат
  • ѕвекнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

ѕвекне, ѕвекнат; ѕвекни, ѕвекнете; ѕвекнав, ѕвекнаа; ѕвекнал; ѕвекнат; (ќе) ѕвекнев, (ќе) ѕвекнеа; (ќе) ѕвекнел св. 1. Пушти јак краткотраен, метален звук. Ѕвекна старото резе од портата. Ѕвекнаа чаши во рацете на младите. Ѕвекнаа метални пари на подот. 2. Удри силно предизвикувајќи звук, ѕвек; тресне. Човекот го ѕвекна детето по глава. Коњот го ѕвекна девојчето со копитата. Тој налутено ѕвекна со приборот за јадење. ‖ ѕвекнува, ѕвекнуваат несв. ‖ глаг. им. ѕвекнување ср.