ѕвер
Значење на ѕвер:
1. Големо, диво, крвожедно животно. Рикна ранет ѕвер. Нема никаква трага од ѕвер. Два ѕвера се грабаат за пленот. Луѓето тргнаа во лов на диви ѕверови.
2. (прен.) Бездушен, зол човек; злосторник, нечовек. Понекогаш, човекот станува див ѕвер. Бездушен, несовесен ѕверу! Синот ѝ го заклаа ѕверовите во војната.
Множина: ѕвера, ѕверови.
Изведени зборови:
- ѕвериште, и. ср. аугм.
- ѕверче, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
ѕвер, мн. ѕверови, избр. мн. ѕвера м. 1. Големо, диво, крвожедно животно. Рикна ранет ѕвер. Нема никаква трага од ѕвер. Два ѕвера се грабаат за пленот. Луѓето тргнаа во лов на диви ѕверови. 2. (прен.) Бездушен, зол човек; злосторник, нечовек. Понекогаш, човекот станува див ѕвер. Бездушен, несовесен ѕверу! Синот ѝ го заклаа ѕверовите во војната. ‖ ѕверче, мн. ѕверчиња ср. дем. ‖ ѕвериште, мн. ѕверишта ср. аугм.