ѕвезда
Значење на ѕвезда:
1. (астр.) Светло небесно тело што испушта сопствена светлина. Сонцето е ѕвезда.
2. (разг.) Секое небесно тело што ноќе се гледа како светла трепкава точка. Ѕвезда Деница. Ѕвезда Вечерница. Темно небо начичкано со ѕвезди. Безброј ѕвезди. Далечни ѕвезди. Ситни ѕвезди трепкаат во ноќта.
3. Предмет или знак со форма на такво тело; симбол во форма на ѕвезда. Го сопре погледот врз ѕвезда петокрака. Полковник со златни ширити и златни ѕвезди на ракавите. Орден со златна ѕвезда.
4. (прен.) Лице што има голема слава во светот на уметноста, естрадата, филмот, спортот и сл. Филмска ѕвезда. Нова ѕвезда во фудбалот. Ѕвезда на естрадата.
Множина: ѕвезди.
Изведени зборови:
- ѕвездичка, и. ж. дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има ѕвезда / со (мила) ѕвезда е – ѕвездаллија; Со ѕвезда е на чело / роден е под среќна ѕвезда – има голема среќа, среќен е во животот; Ѕвезда водилка (патоводна, патоводилка) – она што насочува, што определува нечиј живот, нечија дејност; Симнува ѕвезди од небо ‒ ветува нешто неостварливо; Ѕвезди му излегоа од очите/ѕвезди му светнаа пред очи – многу се изнамачи; од удар и сл. му се појавија светли точки пред очите.
Оригинални податоци:
ѕвезда, мн. ѕвезди ж. 1. (астр.) Светло небесно тело што испушта сопствена светлина. Сонцето е ѕвезда. 2. (разг.) Секое небесно тело што ноќе се гледа како светла трепкава точка. Ѕвезда Деница. Ѕвезда Вечерница. Темно небо начичкано со ѕвезди. Безброј ѕвезди. Далечни ѕвезди. Ситни ѕвезди трепкаат во ноќта. 3. Предмет или знак со форма на такво тело; симбол во форма на ѕвезда. Го сопре погледот врз ѕвезда петокрака. Полковник со златни ширити и златни ѕвезди на ракавите. Орден со златна ѕвезда. 4. (прен.) Лице што има голема слава во светот на уметноста, естрадата, филмот, спортот и сл. Филмска ѕвезда. Нова ѕвезда во фудбалот. Ѕвезда на естрадата. ‖ ѕвездичка, мн. ѕвездички ж. дем и хип. ◊ Има ѕвезда / со (мила) ѕвезда е – ѕвездаллија; Со ѕвезда е на чело / роден е под среќна ѕвезда – има голема среќа, среќен е во животот; Ѕвезда водилка (патоводна, патоводилка) – она што насочува, што определува нечиј живот, нечија дејност; Симнува ѕвезди од небо ‒ ветува нешто неостварливо; Ѕвезди му излегоа од очите/ѕвезди му светнаа пред очи – многу се изнамачи; од удар и сл. му се појавија светли точки пред очите.