ѕвонче

Именка, среден род

Значење на ѕвонче:

1. дем. од ѕвоно 1 и од ѕвонец. Се чу ѕвончето на влезната врата. Се слуша ѕвонење на старо рачно училишно ѕвонче. Запре пајтон со јаки коњи што имаа бакарни ѕвончиња на челата. Будилник со две ѕвончиња.

2. Електрична или механичка направа за ѕвонење. Ѕвончето ѕвони, некој е пред врата. Ѕвонче на велосипедот.

3. (бот.) Растение со ретки листови и синовиолетови или бели цветови во форма на ѕвоно; Campanulaceae.

Множина: ѕвончиња.

Оригинални податоци:

ѕвонче, мн. ѕвончиња ср. 1. дем. од ѕвоно 1 и од ѕвонец. Се чу ѕвончето на влезната врата. Се слуша ѕвонење на старо рачно училишно ѕвонче. Запре пајтон со јаки коњи што имаа бакарни ѕвончиња на челата. Будилник со две ѕвончиња. 2. Електрична или механичка направа за ѕвонење. Ѕвончето ѕвони, некој е пред врата. Ѕвонче на велосипедот. 3. (бот.) Растение со ретки листови и синовиолетови или бели цветови во форма на ѕвоно; Campanulaceae.