ѕвоно
Значење на ѕвоно:
1. Метална направа во вид на чашка со јазиче, кое, удирајќи во чашката, предизвикува ѕвонење; ѕвонец. Во рамнината не се слушаше ѕвоно од добиток. Заѕвони ѕвоното што го огласи крајот на часот. Далечните ѕвона ритмички ѕвонеа.
2. камбана. Некоја набожна рака го заниша црковното ѕвоно.
3. Предмет со ѕвончеста форма, поставен со отворот надолу, кој служи за заштита на храна и др. од надворешни влијанија. Тој го поткрена стакленото ѕвоно за да пресече парче сирење.
Множина: ѕвона.
Изведени зборови:
- ѕвонче, и. ср. кон зн. 1 дем.
Оригинални податоци:
ѕвоно, мн. ѕвона ср. 1. Метална направа во вид на чашка со јазиче, кое, удирајќи во чашката, предизвикува ѕвонење; ѕвонец. Во рамнината не се слушаше ѕвоно од добиток. Заѕвони ѕвоното што го огласи крајот на часот. Далечните ѕвона ритмички ѕвонеа. 2. в. камбана. Некоја набожна рака го заниша црковното ѕвоно. 3. Предмет со ѕвончеста форма, поставен со отворот надолу, кој служи за заштита на храна и др. од надворешни влијанија. Тој го поткрена стакленото ѕвоно за да пресече парче сирење. ‖ ѕвонче кон зн. 1 ср. дем.