е 3
Значење на е:
1. Постои, го има; се наоѓа, престојува некаде. Тој е уште таму. Автомобилот е во гаражата. Нашата делегација беше во Тајван.
2. Се наоѓа во некаква (емотивна) состојба. Таа беше многу тажна. Јас сум болна. Децата се среќни.
3. Има некакво својство, особина. Тоше беше вистински маж. Радоста е голема. Ти си добар, но другите се подобри од тебе.
4. Има определен број години. Дедо Иле е деведесетгодишен и сè уште се крепи. Таа беше 18-годишна.
5. Временски период или временска состојба. Есен е, врнат студени дождови. Беше пладне, а тој не дојде.
6. Има некаков статус, професија, класификација, звање, функција. Тој е драмски писател, а таа е позната пејачка. Дамјан е ѕидар. Таа беше учителка.
7. Со причинско значење. Грешката е кај тебе. Прашањето е во издржливоста на материјалот.
8. Потекнува од некаде, се родил некаде. Татко му на Никола е од Дебар, а мајка му е скопјанка.
9. Се именува, се нарекува. Јас сум Петре Панчевски. Тие се Аџиевци.
10. Има нешто, поседува. Таа е со две мали деца. Момчето е со куќа и со високи примања. 1Се наоѓа во роднински, пријателски врски. Горде ѝ е ќерка на Роза. Тој е внук на Донка. 12. Поддржува, дава согласност за нешто. Ние сме за Марија. Сите сме за Македонија, ама секој на свој начин. 13. Значи, претставува. Ти си ми сè. 14. Се залага, се застапува за нешто. Синдикатот е за плати во две рати. 15. Личи, прилега на нешто. Види го, целиот е на вујко му.
Коњугација: беа , бев , бевме , бевте , беше , беше , бидејќи , бидете , биди , бил , била , биле, било , се , си , сме , сте , сум .
Оригинални податоци:
е3, сум, си; сме, сте, се; биди, бидете; бев, беше, беше, бевме, бевте, беа; бидејќи; бил, била, било; биле несв. 1. Постои, го има; се наоѓа, престојува некаде. Тој е уште таму. Автомобилот е во гаражата. Нашата делегација беше во Тајван. 2. Се наоѓа во некаква (емотивна) состојба. Таа беше многу тажна. Јас сум болна. Децата се среќни. 3. Има некакво својство, особина. Тоше беше вистински маж. Радоста е голема. Ти си добар, но другите се подобри од тебе. 4. Има определен број години. Дедо Иле е деведесетгодишен и сè уште се крепи. Таа беше 18-годишна. 5. Временски период или временска состојба. Есен е, врнат студени дождови. Беше пладне, а тој не дојде. 6. Има некаков статус, професија, класификација, звање, функција. Тој е драмски писател, а таа е позната пејачка. Дамјан е ѕидар. Таа беше учителка. 7. Со причинско значење. Грешката е кај тебе. Прашањето е во издржливоста на материјалот. 8. Потекнува од некаде, се родил некаде. Татко му на Никола е од Дебар, а мајка му е скопјанка. 9. Се именува, се нарекува. Јас сум Петре Панчевски. Тие се Аџиевци. 10. Има нешто, поседува. Таа е со две мали деца. Момчето е со куќа и со високи примања. 11. Се наоѓа во роднински, пријателски врски. Горде ѝ е ќерка на Роза. Тој е внук на Донка. 12. Поддржува, дава согласност за нешто. Ние сме за Марија. Сите сме за Македонија, ама секој на свој начин. 13. Значи, претставува. Ти си ми сè. 14. Се залага, се застапува за нешто. Синдикатот е за плати во две рати. 15. Личи, прилега на нешто. Види го, целиот е на вујко му.