еден

Број

Значење на еден:

1. Најмал основен број за определена бројност, кој се бележи со бројката Еден денар. Една книга. Еден литар. Еден ден работа. Еден час.

2. прид. Ист, еднаков со некој или со нешто. Дури и по возраст сите беа една година родени. Не беа од една мајка со Тихона.

3. прид. Единствен, сам. Таа е една на мајка. Еден е, тешко ќе му биде.

4. зам. Неопределно кој, некој, неопределено кога, некогаш во минатото или во иднината. Ако дојде една жена, ќе ја примиш ли?. Едно утро, некој селанец пошол да бара секлива трева. Еден ден сè ќе разбереш.

5. (разг.) За потцртување, за истакнување на именката. Имаше едни мустаки до уши. Пуштил една брада како поп. Зинал една уста и само кажува нешто.

6. прид. За означување однос еден спрема друг. И едните и другите се смееја. Поради една или друга причина.

7. Означува приближна вредност во спој со бројот два: еден-два. На секого по еден-два грста.

8. Во состави со прилошко значење: еден по еден – редослед, во ред по еден; со еден збор – накусо, накратко кажано; сите до еден – целосна опфатеност; еден со друг – меѓусебно; еден покрај друг – заедно; еден на друг – меѓусебно.

9. Како именка. Тој едно мисли, а друго зборува. Едно зборува, друго прави. Едно сакам да ти кажам. Сè е добро, само едно не ти чини.

Множина: едни.

Членувана форма: едниот , едните.

Алтернативно: една едно

Оригинални податоци:

еден, едниот, една, едно, мн. едни, едните бр. 1. Најмал основен број за определена бројност, кој се бележи со бројката 1. Еден денар. Една книга. Еден литар. Еден ден работа. Еден час. 2. прид. Ист, еднаков со некој или со нешто. Дури и по возраст сите беа една година родени. Не беа од една мајка со Тихона. 3. прид. Единствен, сам. Таа е една на мајка. Еден е, тешко ќе му биде. 4. зам. Неопределно кој, некој, неопределено кога, некогаш во минатото или во иднината. Ако дојде една жена, ќе ја примиш ли?. Едно утро, некој селанец пошол да бара секлива трева. Еден ден сè ќе разбереш. 5. (разг.) За потцртување, за истакнување на именката. Имаше едни мустаки до уши. Пуштил една брада како поп. Зинал една уста и само кажува нешто. 6. прид. За означување однос еден спрема друг. И едните и другите се смееја. Поради една или друга причина. 7. Означува приближна вредност во спој со бројот два: еден-два. На секого по еден-два грста. 8. Во состави со прилошко значење: еден по еден – редослед, во ред по еден; со еден збор – накусо, накратко кажано; сите до еден – целосна опфатеност; еден со друг – меѓусебно; еден покрај друг – заедно; еден на друг – меѓусебно. 9. Како именка. Тој едно мисли, а друго зборува. Едно зборува, друго прави. Едно сакам да ти кажам. Сè е добро, само едно не ти чини.