единствен

Придавка

Значење на единствен:

1. Само еден, само тој. Јас не сум единствен на светов. Пчелите се единствени што произведуваат мед.

2. Обединет, здружен. Ми се чини дека и самите не се единствени. Со единствен настап ќе бидеме поуспешни.

Членувана форма: единствениот.

Изведени зборови:

  • единствено, прил. Обединето, здружено. Тие секаде настапуваа единствено.
  • единственост, и. ж.

Оригинални податоци:

единствен, единствениот прид. 1. Само еден, само тој. Јас не сум единствен на светов. Пчелите се единствени што произведуваат мед. 2. Обединет, здружен. Ми се чини дека и самите не се единствени. Со единствен настап ќе бидеме поуспешни. ‖ единствено прил. Обединето, здружено. Тие секаде настапуваа единствено. ‖ единственост ж.