еднократен
Значење на еднократен:
Што се случува само еднаш, во еден временски интервал или што е направен еднаш, во еден интервал. Еднократно работно време. Еднократна посета. Еднократно дејство.Членувана форма: еднократниот.
Изведени зборови:
- еднократно, прил. Работам еднократно, само претпладне.
- еднократност, и. ж.
Оригинални податоци:
еднократен, еднократниот прид. Што се случува само еднаш, во еден временски интервал или што е направен еднаш, во еден интервал. Еднократно работно време. Еднократна посета. Еднократно дејство. ‖ еднократно прил. Работам еднократно, само претпладне. ‖ еднократност ж.