егзибиционизам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на егзибиционизам:

1. Склоност за јавно истакнување и претставување. Таа со својот танц прикажуваше еден вид егзибиционизам зашто сетилно ја победуваше страмежливоста.

2. Ризични постапки со кои непотребно се истакнува нешто или некој. Неговиот егзибиционизам ги минуваше сите граници.

3. (мед.) Душевна болест при која се прикажуваат разголени делови од телото јавно.

Оригинални податоци:

егзибиционизам (само едн.) м. 1. Склоност за јавно истакнување и претставување. Таа со својот танц прикажуваше еден вид егзибиционизам зашто сетилно ја победуваше страмежливоста. 2. Ризични постапки со кои непотребно се истакнува нешто или некој. Неговиот егзибиционизам ги минуваше сите граници. 3. (мед.) Душевна болест при која се прикажуваат разголени делови од телото јавно.