егзистенцијализам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на егзистенцијализам:

1. Филозофско учење што го поставува прашањето на опстанокот како центар на истражувањето. Во егзистенцијализмот се поаѓа од реални аргументи кога се тврди дека човекот живее во еден свет, кој се отуѓува од својот корен и од својата мисла.

2. (лит.) Декадентна струја во француската литература.

Изведени зборови:

  • егзистенцијалистички, прид. егзистенцијалистичкиот

Оригинални податоци:

егзистенцијализам (само едн.) м. 1. Филозофско учење што го поставува прашањето на опстанокот како центар на истражувањето. Во егзистенцијализмот се поаѓа од реални аргументи кога се тврди дека човекот живее во еден свет, кој се отуѓува од својот корен и од својата мисла. 2. (лит.) Декадентна струја во француската литература. ‖ егзистенцијалистички, егзистенцијалистичкиот прид.