експлозивен
Значење на експлозивен:
1. Што има својство да експлодира.
2. (прен.) Што реагира избувливо, жестоко; експлодира_2
3. (прен.) Ситуација, состојба на напнатост во која има можност од неочекувана, избувлива, жестока и неконтролирана реакција.
Членувана форма: експлозивниот.
Изведени зборови:
- експлозивно, прил. Тој реагираше експлозивно.
- експлозивност, и. ж.
Оригинални податоци:
експлозивен, експлозивниот прид. 1. Што има својство да експлодира. 2. (прен.) Што реагира избувливо, жестоко; сп. експлодира 2. 3. (прен.) Ситуација, состојба на напнатост во која има можност од неочекувана, избувлива, жестока и неконтролирана реакција. ‖ експлозивно прил. Тој реагираше експлозивно. ‖ експлозивност ж.