електрицитет

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на електрицитет:

1. Една од основните особини на материјата, обусловена од заемното дејство и од движењето на атомските честички, која се манифестира со низа електрични и магнетни појави. Позитивен електрицитет. Негативен електрицитет. Атмосферски електрицитет. Галвански електрицитет.

2. (прен.) Напнатост, напрегнатост, возбуденост, чувство на немир и на нетрпение. Меѓу нас постоеше еден таков електрицитет што го забележуваа сите.

Оригинални податоци:

електрицитет (само едн.) м. 1. Една од основните особини на материјата, обусловена од заемното дејство и од движењето на атомските честички, која се манифестира со низа електрични и магнетни појави. Позитивен електрицитет. Негативен електрицитет. Атмосферски електрицитет. Галвански електрицитет. 2. (прен.) Напнатост, напрегнатост, возбуденост, чувство на немир и на нетрпение. Меѓу нас постоеше еден таков електрицитет што го забележуваа сите.