елемент
Значење на елемент:
1. (хем.) Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови. Хемиски елементи.
2. Составен дел од некоја целина. Денес се зачувани некои архаични елементи од женската носија. При изведувањето на овие обреди има разни магиски елементи.
3. Според некои филозофи, една од четирите праматерии (земја, вода, воздух, оган) што ја прават основата на светот.
4. а) Човек или група што се издвојува по сопствениот ентитет од определена средина. Словенско-македонскиот елемент населен во областа на Голо Брдо едно време претставувал мнозинство во вкупното население. б) (прен.) Човек што се издвојува од средината по размислувањето, по постапките и по однесувањето. Антидржавен елемент. Непријателски елементи.
Множина: елементи.
Оригинални податоци:
елемент, мн. елементи м. 1. (хем.) Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови. Хемиски елементи. 2. Составен дел од некоја целина. Денес се зачувани некои архаични елементи од женската носија. При изведувањето на овие обреди има разни магиски елементи. 3. Според некои филозофи, една од четирите праматерии (земја, вода, воздух, оган) што ја прават основата на светот. 4. а) Човек или група што се издвојува по сопствениот ентитет од определена средина. Словенско-македонскиот елемент населен во областа на Голо Брдо едно време претставувал мнозинство во вкупното население. б) (прен.) Човек што се издвојува од средината по размислувањето, по постапките и по однесувањето. Антидржавен елемент. Непријателски елементи.