елка
Ботаника.
Значење на елка:
1. Иглолисно зимзелено дрво со конусна круна; Abies alba.
Множина: елки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Новогодишна елка – украсно дрво што се украсува за Нова година (природна или вештачка елка). Накитен како новогодишна елка – премногу накитен, со многу накит на себе.
Оригинални податоци:
елка, мн. елки ж. (бот.) 1. Иглолисно зимзелено дрво со конусна круна; Abies alba. ‖ елкичка, мн. елкички дем. ◊ Новогодишна елка – украсно дрво што се украсува за Нова година (природна или вештачка елка). Накитен како новогодишна елка – премногу накитен, со многу накит на себе.