емиграција
Само во еднина.
Значење на емиграција:
1. Доброволно или принудно иселување од една земја во друга од различни причини (политички, економски и др.).
2. Група луѓе што се иселиле од една земја во друга; иселеништво. Нашата емиграција сè уште ги задржала врските со татковината.
Изведени зборови:
- емиграциски, прид. емиграцискиот Емиграциски процеси.
Оригинални податоци:
емиграција (само едн.) ж. 1. Доброволно или принудно иселување од една земја во друга од различни причини (политички, економски и др.). 2. Група луѓе што се иселиле од една земја во друга; иселеништво. Нашата емиграција сè уште ги задржала врските со татковината. ‖ емиграциски, емиграцискиот прид. Емиграциски процеси.