емисија
Значење на емисија:
1. Испуштање, испраќање светлинска, звучна, електрична енергија, електромагнетски бранови и сл. Емисија на гама-зраците.
2. Определена (по време и по содржина) програма што се емитува на радио, на телевизија. Емисија од културата. Емисија за деца.
3. Издавање, пуштање пари или вредносни хартии во промет. Емисија на нови банкноти.
Множина: емисии.
Изведени зборови:
- емисиски, прид. емисискиот
Оригинални податоци:
емисија, мн. емисии ж. 1. Испуштање, испраќање светлинска, звучна, електрична енергија, електромагнетски бранови и сл. Емисија на гама-зраците. 2. Определена (по време и по содржина) програма што се емитува на радио, на телевизија. Емисија од културата. Емисија за деца. 3. Издавање, пуштање пари или вредносни хартии во промет. Емисија на нови банкноти. ‖ емисиски, емисискиот прид.