енциклопедија
Значење на енциклопедија:
Книга, научно дело што дава прегледни податоци и информации средени по азбучен ред, кои можат да бидат општи или од некоја определена област. Општа енциклопедија. Детска енциклопедија. Медицинска енциклопедија.Множина: енциклопедии.
Изведени зборови:
- енциклопедиски, прид. енциклопедискиот Енциклопедиски речник. Енциклопедиско дело. Енциклопедиски информации. Енциклопедиска материја.
Оригинални податоци:
енциклопедија, мн. енциклопедии ж. Книга, научно дело што дава прегледни податоци и информации средени по азбучен ред, кои можат да бидат општи или од некоја определена област. Општа енциклопедија. Детска енциклопедија. Медицинска енциклопедија. ‖ енциклопедиски, енциклопедискиот прид. Енциклопедиски речник. Енциклопедиско дело. Енциклопедиски информации. Енциклопедиска материја.