епицентар

Именка, машки род

Геологија.

Значење на епицентар:

Во сеизмологијата – област или место на површината на земјата што се наоѓа над жариштето на земјотресот.

Множина: епицентри.

Изведени зборови:

  • епицентрален, прид. епицентралниот Епицентрална точка. Епицентрално подрачје.

Оригинални податоци:

епицентар, мн. епицентри м. (геол.) Во сеизмологијата – област или место на површината на земјата што се наоѓа над жариштето на земјотресот. ‖ епицентрален, епицентралниот прид. Епицентрална точка. Епицентрално подрачје.