епизода

Именка, женски род

Значење на епизода:

1. Случка, настан што претставува само еден дел од некаов крупен настан, случување или раскажување. Вакви епизоди во неговиот живот имаше многу. Интересна епизода.

2. Дел, продолжение од телевизиска емисија, од сериски филм. Серијата е составена од четири епизоди што се емитуваат секој понеделник. Нова епизода од серискиот филм што го гледаме сите.

Множина: епизоди.

Оригинални податоци:

епизода, мн. епизоди ж. 1. Случка, настан што претставува само еден дел од некаов крупен настан, случување или раскажување. Вакви епизоди во неговиот живот имаше многу. Интересна епизода. 2. Дел, продолжение од телевизиска емисија, од сериски филм. Серијата е составена од четири епизоди што се емитуваат секој понеделник. Нова епизода од серискиот филм што го гледаме сите.