ерупција

Именка, женски род

Значење на ерупција:

1. Силно, нагло исфрлање разни материи (лава, вулкански камења, нафта и сл.) од внатрешноста на Земјата. Вулканска ерупција. Ерупција на Етна. Силни ерупции во морето.

2. (прен.) Ненадеен излив на емоции или на некакви чувства. Ерупција на страв измешан со чудење. Ерупција на чувства.

Множина: ерупции.

Оригинални податоци:

ерупција, мн. ерупции ж. 1. Силно, нагло исфрлање разни материи (лава, вулкански камења, нафта и сл.) од внатрешноста на Земјата. Вулканска ерупција. Ерупција на Етна. Силни ерупции во морето. 2. (прен.) Ненадеен излив на емоции или на некакви чувства. Ерупција на страв измешан со чудење. Ерупција на чувства.