еснаф
Значење на еснаф:
1. (истор.) Здружение на занаетчии од иста струка. Грнчарски еснаф. Самарџиски еснаф.
2. Занаетчија, сопственик на дуќан или на мала работилница. Чаршијата беше полна со еснафи и трговци.
3. (прен., арх.) Врсник, другар; друштво. Ќе ми се смеат еснафите. Се замеша во еснафот.
Множина: еснафи.
Изведени зборови:
- еснафка, и. ж. Кон зн. 3.
- еснафски, прид. еснафскиот
Фразеолошки израз / поговорка:
Еснаф човек – чесен човек, домаќин.
Оригинални податоци:
еснаф, мн. еснафи м. 1. (истор.) Здружение на занаетчии од иста струка. Грнчарски еснаф. Самарџиски еснаф. 2. Занаетчија, сопственик на дуќан или на мала работилница. Чаршијата беше полна со еснафи и трговци. 3. (прен., арх.) Врсник, другар; друштво. Ќе ми се смеат еснафите. Се замеша во еснафот. ◊ Еснаф човек – чесен човек, домаќин. ‖ еснафка, мн. еснафки ж. Кон зн. 3. ‖ еснафски, еснафскиот прид.