етикетира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на етикетира:

1. Стави, става етикета. Сите производители треба да ги етикетираат цените на своите производи.

2. Посочи, посочува, истакне, истакнува нешто или некого (во негативна смисла). Тој ги етикетира луѓето според партиската припадност.

Коњугација: етикетираат , етикетирајќи.

Изведени зборови:

  • етикетирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

етикетира, етикетираат; етикетирајќи св. и несв. 1. Стави, става етикета. Сите производители треба да ги етикетираат цените на своите производи. 2. Посочи, посочува, истакне, истакнува нешто или некого (во негативна смисла). Тој ги етикетира луѓето според партиската припадност. ‖ глаг. им. етикетирање ср.