евангелие
Црковен термин.
Значење на евангелие:
1. Името на четирите библиски книги од Новиот завет, напишани од апостолите: Матеј, Марко, Лука и Јован. Првото евангелие е според Матеј, еден од учениците на Исус Христос.
2. Целиот Нов завет. Сите тројца имавме мали евангелија.
Множина: евангелија.
Изведени зборови:
- евангелски, прид. евангелскиот Евангелски текстови. Евангелска содржина.
Оригинални податоци:
евангелие, мн. евангелија ср. (црков.). 1. Името на четирите библиски книги од Новиот завет, напишани од апостолите: Матеј, Марко, Лука и Јован. Првото евангелие е според Матеј, еден од учениците на Исус Христос. 2. Целиот Нов завет. Сите тројца имавме мали евангелија. ‖ евангелски, евангелскиот прид. Евангелски текстови. Евангелска содржина.