евиденција

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на евиденција:

1. Забележување, воведување во книги, правење попис на тоа што се случува, што се работи. За сè се води точна евиденција.

2. Фактичка состојба. Претседателствата на друштвата поднесоа точна евиденција со која се покажа голема масовност. Имам прецизна евиденција за состојбите во регионот.

3. Книга за водење записи за личности или за состојби. Тој ги испрати во писарницата за да ги воведат во евиденција. Тие ја средија евиденцијата во населбата.

Оригинални податоци:

евиденција (само едн.) ж. 1. Забележување, воведување во книги, правење попис на тоа што се случува, што се работи. За сè се води точна евиденција. 2. Фактичка состојба. Претседателствата на друштвата поднесоа точна евиденција со која се покажа голема масовност. Имам прецизна евиденција за состојбите во регионот. 3. Книга за водење записи за личности или за состојби. Тој ги испрати во писарницата за да ги воведат во евиденција. Тие ја средија евиденцијата во населбата.