евидентен

Придавка

Значење на евидентен:

Очигледен, лесно видлив и забележлив. Евидентен факт. Евидентна појава. Тие резултати се евидентни во нашата практика.

Членувана форма: евидентниот.

Изведени зборови:

  • евидентно, прил. Евидентно е дека ниту една од овие теории не го објаснува потеклото на овој народ. Во неговото дело евидентно се присутни новите и современи стилови.
  • евидентност, и. ж.

Оригинални податоци:

евидентен, евидентниот прид. Очигледен, лесно видлив и забележлив. Евидентен факт. Евидентна појава. Тие резултати се евидентни во нашата практика. ‖ евидентно прил. Евидентно е дека ниту една од овие теории не го објаснува потеклото на овој народ. Во неговото дело евидентно се присутни новите и современи стилови. ‖ евидентност ж.