еж
Значење на еж:
1. (зоол.) Мало животно од редот на цицачите, со боцки, игли по грбот; Erinaceus europaeus.
Множина: ежови.
Изведени зборови:
- еже, и. ср. еженце (само едн.) дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Морски еж – Мало морско животно со црна боја на иглите. Paracentrotus lividus. 2. (воен., прен.) Вид одбранбени пречки направени од испреплетени жици, метални прачки, шини, бетон и друг материјал за да се оневозможи поминување на непријателски моторизирани единици. 3. (прен.) Направа што ја користат молерите за прскање боја на фасада. 4. (прен.) Вид машина за градење патишта.
Оригинални податоци:
еж, мн. ежови м. 1. (зоол.) Мало животно од редот на цицачите, со боцки, игли по грбот; Erinaceus europaeus. ◊ Морски еж – Мало морско животно со црна боја на иглите. Paracentrotus lividus. 2. (воен., прен.) Вид одбранбени пречки направени од испреплетени жици, метални прачки, шини, бетон и друг материјал за да се оневозможи поминување на непријателски моторизирани единици. 3. (прен.) Направа што ја користат молерите за прскање боја на фасада. 4. (прен.) Вид машина за градење патишта. ‖ еже, мн. ежиња; еженце (само едн.) ср. дем.