фабрика

Именка, женски род

Значење на фабрика:

Поголемо производствено претпријатие со механизиран процес на производство, употреба на машини, со поголем број работници и со точно определена поделба на трудот. Текстилна фабрика. Фабрика за кожи. Фабрика за стакло. Фабрика за шеќер. Фабрика за конзерви.

Множина: фабрики.

Изведени зборови:

  • фабрички, прид. -- фабричен, фабричкиот -- фабричниот Фабрички оџак.

Фразеолошки израз / поговорка:

Фабрика на илузии ‒ филм.

Оригинални податоци:

фабрика, мн. фабрики ж. Поголемо производствено претпријатие со механизиран процес на производство, употреба на машини, со поголем број работници и со точно определена поделба на трудот. Текстилна фабрика. Фабрика за кожи. Фабрика за стакло. Фабрика за шеќер. Фабрика за конзерви. ◊ Фабрика на илузии ‒ филм. ‖ фабрички / фабричен, фабричкиот / фабричниот прид. Фабрички оџак.