фабрикација
Значење на фабрикација:
1. Фабричко производство на стоки. Фабрикација на стоки за широка потрошувачка.
2. (прен.) Правење нешто во големо количество, обично неквалитетно. Фабрикација на дипломи.
3. (прен.) Измислување и ширење невистини. Фабрикација на вест презентирана во некое од средствата за јавна комуникација. Фабрикација на непроверени вести.
Множина: фабрикации.
Оригинални податоци:
фабрикација, мн. фабрикации ж. Фабричко производство на стоки. Фабрикација на стоки за широка потрошувачка. 2. (прен.) Правење нешто во големо количество, обично неквалитетно. Фабрикација на дипломи. 3. (прен.) Измислување и ширење невистини. Фабрикација на вест презентирана во некое од средствата за јавна комуникација. Фабрикација на непроверени вести.