фаца

Именка, женски род

Жаргонски збор.

Значење на фаца:

1. Лице, физиономија; израз на лицето. Ме фати страв од тие бледи фаци на луѓето околу него. Правам глупава фаца и излегувам.

2. Важна личност, личност што се истакнува по некоја особина. Фаца е нели? Се собраа сите главни фаци во градот.

Множина: фаци.

Оригинални податоци:

фаца, мн. фаци, ж. (жарг.) 1. Лице, физиономија; израз на лицето. Ме фати страв од тие бледи фаци на луѓето околу него. Правам глупава фаца и излегувам. 2. Важна личност, личност што се истакнува по некоја особина. Фаца е нели? Се собраа сите главни фаци во градот.