фали 1
Значење на фали:
Искажува пофалба за особините на некого или за својствата на нешто. Го фалеа во писмата дека вредно учел и работел. Ги фалеше соседите дека се едноставни и воздржливи. Толку ја фалеше колата, а веќе му се расипала.Коњугација: фалат.
Изведени зборови:
- се ~ фали, 1. Претерано се истакнува себеси поради нешто. Кај ви е стрпливоста за која толку се фалевте? Тие насекаде се фалат дека прават патишта. Се фали со имотот. 2. Се заканува некому. Му се фалеше дека коските ќе му ги искрши.
- фалење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се фали од некого ‒ е задоволен од некого. Фали ме усто, оти ќе те раскинам ‒ претерано се фали себеси. Нефалена девојка неомажена си останува ‒ потребни се добри зборови за некого или за нешто (некоја работа). Умре Циганката што го фалеше ‒ многу се фали самиот себеси.
Оригинални податоци:
фали1, фалат несв. Искажува пофалба за особините на некого или за својствата на нешто. Го фалеа во писмата дека вредно учел и работел. Ги фалеше соседите дека се едноставни и воздржливи. Толку ја фалеше колата, а веќе му се расипала. ● се ~ 1. Претерано се истакнува себеси поради нешто. Кај ви е стрпливоста за која толку се фалевте? Тие насекаде се фалат дека прават патишта. Се фали со имотот. 2. Се заканува некому. Му се фалеше дека коските ќе му ги искрши. ◊ Се фали од некого ‒ е задоволен од некого. Фали ме усто, оти ќе те раскинам ‒ претерано се фали себеси. Нефалена девојка неомажена си останува ‒ потребни се добри зборови за некого или за нешто (некоја работа). Умре Циганката што го фалеше ‒ многу се фали самиот себеси. ‖ глаг. им. фалење ср.