фалшив

Придавка

Значење на фалшив:

1. Лажен, фалсификуван. Фалшив билет. Фалшива лична карта. Фалшиви книжни пари.

2. Лажен, неискрен. Тој никогаш не бил толку неприроден и фалшив. Секој збор ѝ се чинеше фалшив. Фалшива реклама. Фалшиви куршуми.

3. (муз.) Погрешен. Фалшиви акорди. Фалшиво пеење.

Членувана форма: фалшивиот.

Изведени зборови:

  • фалшиво, прил. 1. Лажно, неискрено. Плачеше, не фалшиво туку вистински. Таа реплика во драмата не прозвучи фалшиво. 2. (муз.) Погрешно. Фалшиво свириш, фалшиво!
  • фалшивост, и. ж.

Оригинални податоци:

фалшив, фалшивиот прид. 1. Лажен, фалсификуван. Фалшив билет. Фалшива лична карта. Фалшиви книжни пари. 2. Лажен, неискрен. Тој никогаш не бил толку неприроден и фалшив. Секој збор ѝ се чинеше фалшив. Фалшива реклама. Фалшиви куршуми. 3. (муз.) Погрешен. Фалшиви акорди. Фалшиво пеење. ‖ фалшиво прил. 1. Лажно, неискрено. Плачеше, не фалшиво туку вистински. Таа реплика во драмата не прозвучи фалшиво. 2. (муз.) Погрешно. Фалшиво свириш, фалшиво! ‖ фалшивост ж.