фамилија
Значење на фамилија:
1. (разг.) семејство.
2. Лица блиски по крвно сродство, по потекло; род, роднини. Стара фамилија. Позната фамилија. Од таа фамилија излегоа многу учени луѓе. Тој потекнува од скромна и чесна фамилија.
3. Заедница на луѓе (групи, организации, партии, народи и сл.) поврзани со општи идеи, цели, интереси и сл.; семејство. Фамилија на еколошките друштва. Фамилија на мирољубиви народи.
4. (биол.) Во научната систематизација на животните и растенијата ‒ категорија што опфаќа повеќе родови на животни или на растенија. Фамилија мачки. Фамилија глодари. Фамилија треви. Фамилија рози.
5. (лингв.) Група сродни јазици според потеклото. Фамилија на словенските јазици. Јазични фамилии.
Множина: фамилии.
Оригинални податоци:
фамилија, мн. фамилии ж. 1. (разг.) сп. семејство. 2. Лица блиски по крвно сродство, по потекло; род, роднини. Стара фамилија. Позната фамилија. Од таа фамилија излегоа многу учени луѓе. Тој потекнува од скромна и чесна фамилија. 3. Заедница на луѓе (групи, организации, партии, народи и сл.) поврзани со општи идеи, цели, интереси и сл.; сп. семејство. Фамилија на еколошките друштва. Фамилија на мирољубиви народи. 4. (биол.) Во научната систематизација на животните и растенијата ‒ категорија што опфаќа повеќе родови на животни или на растенија. Фамилија мачки. Фамилија глодари. Фамилија треви. Фамилија рози. 5. (лингв.) Група сродни јазици според потеклото. Фамилија на словенските јазици. Јазични фамилии.